Одобрени 5,67 милиони евра за осум проекти во Македонија

Bez autora
Oct 09 2011

Македонија доби грантови од над 5,67 милиони евра за осум проекти. Средствата земјава ги добива преку Инвестицискиот инструмент за Западен Балкан кој вчера во Скопје го претставија вицепремиерката Теута Арифи и претставникот на директоратот за проширување на Европската комисија, Кристос Гофас. Го затвораме работниот состанок за Западен Балкан и фондовите од ЕУ. Во рамките на овој инструмент досега Република Македонија има конкурирано со осум проекти и успеала да повлече околу шест милиони евра инвестиции и тоа во некои многу конкретни и значајни проекти. Станува збор за проектот за изработка на физибилити студија за развој на пилот-парк на ветерници, изградба на 400-киловолтен далновод меѓу Македонија и Србија, реформа на затворот во Идризово, за институции за здравствена заштита, за техничка помош за анализа на социо-економското влијание во Студијата за националниот систем за гасификација во земјата, за изработка на физибилити студија и анализа на социо-економското влијание за производство и наводнување во Злетовица и за физибилити студија и анализа на социо-економското влијание за 400-киловолтниот далновод Битола - Елбасан, како и за главниот проект за железничкиот коридор 8 од Куманово до Бељаковце.

Одобрени 5,67 милиони евра за осум проекти во МакедонијаМакедонија доби грантови од над 5,67 милиони евра за осум проекти. Средствата земјава ги добива преку Инвестицискиот инструмент за Западен Балкан кој вчера во Скопје го претставија вицепремиерката Теута Арифи и претставникот на директоратот за проширување на Европската комисија, Кристос Гофас.

- Го затвораме работниот состанок за Западен Балкан и фондовите од ЕУ. Во рамките на овој инструмент досега Република Македонија има конкурирано со осум проекти и успеала да повлече околу шест милиони евра инвестиции и тоа во некои многу конкретни и значајни проекти - изјави Арифи.

Станува збор за проектот за изработка на физибилити студија за развој на пилот-парк на ветерници, изградба на 400-киловолтен далновод меѓу Македонија и Србија, реформа на затворот во Идризово, за институции за здравствена заштита, за техничка помош за анализа на социо-економското влијание во Студијата за националниот систем за гасификација во земјата, за изработка на физибилити студија и анализа на социо-економското влијание за производство и наводнување во Злетовица и за физибилити студија и анализа на социо-економското влијание за 400-киловолтниот далновод Битола - Елбасан, како и за главниот проект за железничкиот коридор 8 од Куманово до Бељаковце.

- Мислам дека сите овие проекти се многу значајни за доброто на граѓаните и дека ова е многу значаен и добар инструмент што им овозможува на земјите од Западен Балкан заеднички да конкурираат за пари од европските фондови и на тој начин полесно да ги добијат и поефикасно да се вложат - истакна Арифи.

Проектот за пилот-паркот на ветерници Богданци го претстави генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Влатко Чингоски. По целосната реализација на овој проект, кој се очекува да заврши до првата половина на 2013, како што рече Чингоски, електроенергетскиот систем ќе произведува дополнително околу 125 гигават-часа електрична енергија од обновлив извор.

Кофос информираше дека со инвестицискиот инструмент за Западен Балкан, кој започна во 2009 година, досега се обезбедени 100 грантови во вредност од 160 милиони евра за 93 инфраструктурни проекти ширум земјите од регионот. Со овие грантови веќе е поттикнат интересот кај меѓународните финансиски институции да се обезбедат инвестиции од преку 4,7 милијарди евра, со кои се придонесува кон вкупните инвестициски трошоци од преку 7,8 милијарди евра.

Во Западен Балкан со програмата се повлечени повеќе од 4, 7 милијарди евра на заеми со кои се поддржуваат нови инфраструктурни инвестиции во износ над 7,8 милијарди евра, со што се надминува примарната цел. Тоа претставува партнерство помеѓу ЕУ и трите европски финансиски институции Развојната банка на СЕ, Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и Европската инвестициска банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik